Идејата е очигледна. Kога луѓето се логираат со Facebook профил сите останати дејствија од страната на кампањата ќе се споделат на мрежата каде ќе бидат видени од други гласачи. Гласачот ќе добие мејл, може да се постира на неговиот ѕид, како и да се таргетираат корисниците според локацијaта и градот. Идејата е да се собере масата, да се сподели пораката. Tоа може да биде огромна поддршка земајќи в обзир дека Барак Обама на Facebook има над 18 милиони фанови. Наспроти г. Обама, кој е демократ, републикански кандидат кој е најпопуларен на Facebook е Сара Пејлин која има шест пати помалку фанови, односно 2.8 милиони.

Користење на онлајн друштвените алатки за собирање гласови не е нешто ново за сегашниот претседател на САД. Всушност, г. Обама ги постави политичките стандарди на користење на онлајн поддршката за политичко инволвирање, или подобро кажано, интеракција со гласачите во самите кампањи. Неговата прва „Change“ кампања, барем онлајн делот, беше работена со Крис Хјуџис, еден од основачите на Facebook.

Покрај сајтот и Facebook профилот, на кој има и апликација, за кампањите на г. Обама ќе се користи Twitter и YouTube за видеата со политички пораки.

Today, we’re filing papers to launch our 2012 campaign. Say that you’re in: http://OFA.BO/bWjHd7 #Obama2012less than a minute ago via HootSuite

1 коментар на “Обама ги стартува изборите со Facebook

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии