Обама ги одликува програмерките Маргарет Хамилтон и Грејс Хупер, како и Бил Гејтс

Претседателот на САД, Барак Обама ги подели одликувањата за истакнати уметници, спортисти и научници. Помеѓу добитниците на наградата оваа година се најдоа Маргарет Хамилтон и Грејс Хупер.

Маргарет Хамилтон е програмерка која го напиша софтверот за вселенската програма Аполо и му помогна на човештвото да слета на месечината. Г-ѓа Хамилтон ова го направи додека беше чудно да се биде вработена мајка.

„Како вработена мајка во 1969 г-ѓа Хамилтон беше невообичаена; но како програмер на вселенски брод, Хамилтон беше радикална. Хамилтон ја носеше својата ќерка Лорен во лабораторијата преку викенд и навечер. Додека 4-годишната Лорен спиеше на подот од канцеларијата, мајка ѝ програмираше, креираше рутини кои на крајот беа додадени на командниот компјутер на модулот на Apollo.“, пишува Wired.

grace-hopper

Image: Quotesgram

Вицеадмиралката Грејс Копер е „првата дама на софтверот“. Предвесник на компјутерите и програмирањето во раните 40, една од првите програмери на Harvard Mark I компјутерот во 1944. Нејзината идеја за јазици кои ќе бидат независни од машините доведе до развојот на COBOL програмскиот јазик. Таа е и еден од креаторите на првиот компајлер. Г-ѓа Копер наградата ја доби постхумно.

Добитници на наградата се и Бил и Мелинда Гејтс, кои оваа награда ја добија поради својата хуманитарна активност. Мајкл Џордан, Карим Абдул Џабар, Роберт Редфорд, Роберт Де Ниро, Елен Деџенерис, Том Хенкс се дел од добитниците на Претседателски медал на слободата за 2016. Целата листа може да ја разгледате на Huffington Post.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии