Oatmeal собра 2,5 милиони долари од интернетот за мачки што експлодираат

Новиот проект на креаторот на Oatmeal, Метју Инман, е игра со карти. Но, не е вообичаена игра со карти со магии, змејови и мечеви, туку е игра со мачки, ласери и експлозии! Ако се суди според успехот на Kickstarter кампањата, тогаш мачки и експлозии се win! комбинација. За само неколку дена играта успеа да собере над 2,5 милиони долари од над 65.000 поддржувачи, иако на почетокот г. Инман побара само 10.000 долари за реализација.

Можеби успехот на Exploding Kittens! нема да ги зачуди тие што се фанови на г. Инман. Покрај популарниот стрип Oatmeal, тој е познат и по неколку успешни Kickstarter проекти, помеѓу кои Музејот на Никола Тесла и негово реставрирање, а секако можеби најзабавно е прибирањето средства за тужбата од Funnyjunk.

Новата игра е нацртана од г. Ингман во негов препознатлив стил, но е изработена со помош на Шејн Смол (Xbox, ARGs) и Илан Ли (Xbox, Marvel). Станува збор за стратешки „руски рулет“ во која сите играчи кои играат влечат карти од купчето, а доколку играчот извлече мачка, играта за него е завршена. Секако не е волку едноставно, постојат карти кои можат да ве заштитат од мачките, или да го прескокнете вашиот ред, но и да ги принудите другите играчи да влечат карти.

„Секој играч доаѓа на ред и влече карти, се додека некој не извлече мачка, во овој момент тој играч експлодира и е надвор од играта. Како руски рулет со мачки. Проблем е што основната верзија е здодевна, па додадовме најразлични карти кои можат да ја деактивираат или избегнат мачката. Ова ја прави играта забавна бидејќи колку подолго играте поголема можност да експлодирате и играта станува поинтензивна. Картите се навистина смешни и потребно е една или две минути да ги научите“, вели Метју Инман за Washington Post.

1 коментар на “Oatmeal собра 2,5 милиони долари од интернетот за мачки што експлодираат

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии