Oatmeal собра 100.000 долари за еден ден, но наместо да ги даде на суд, ќе ги донира парите

Метју Инман е сопственик на веб страната  The Oatmeal кој доби закана за тужба за клевета откако се пожалил дека funnyjunk ги објавува неговите содржини (слики, кратки комични стрипови, анимации). Тужителот бара од него 20.000 долари и отстранување на писмото во кое тој го опишува начинот на работа на нивната страна.

За да ги собере парите, г. Инман се реши 20.000 долари да ги побара од фановите преку „crowd funding“. Но, иако бараше „скромни“ 20.000 долари, корисниците му доделиле речиси 100.000 долари! The Oatmeal секако дека е популарен сајт со куп фанови, но ова е скоро неверојатно бидејќи 20-те илјади долари беа донирани за само 64 минути! Примерот јасно покажува дека медиумската експонираност е подеднакво важна како и идејата која ја застапувате.

Г. Инман нема намера овие пари да им ги даде на Funnyjunk, туку половина од средствата ќе ги подари на националниот огранок на WWF за заштита на мечките, а втората половина на американската Асоцијација за борба со рак. Наместо парите сопственикот на Фunnyjunk ќе добие фотографија од парите и слика на „неговата мајка“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии