Oatmeal бара помош од Интернетот за да изгради музеј на Никола Тесла

Мотивиран од победата над FunnyJunk кога собра 220.000 долари од интернет корисниците за добротворни цели, основачот на Oatmeal, Метју Инман, сега се посвети на нов, и малку поразличен проект. Ново „милениче“ на г.Инман е музеј посветен на легендарниот иноватор Никола Тесла.

Сервисот со кој ги собере средствата е IndieGoGo, и овој пат, како што се покажа претходно кога се собираат пари за добри цели, успеа првите 100.000 долари да ги собере за само 3 часа и 20 минути. До сега се собрани речиси 300.000 долари, а до крајот на акцијата има уште 45 дена. За овој проект г. Инман е помогнат и од државата Њујорк, која ќе ги дополни средствата до 1,7 милиони долари.

Имотот на кој се наоѓа стартата лабораторија на Никола Тесла е ставен на продажба со цена од 1,6 милиони долари. А покрај ентузијастите кои се залагаат за Музеј на Тесла, има уште една заинтересирана страна која сака да направи рекративен простор на истата парцела. Со оглед на тоа дека  во САД сè уште не постои музеј на иноваторот, непрофитната организација која се обидуваше да го спаси Wardenclyffe му се обрати на г. Инман поради неговиот вирален проект против FunnyJunk. За среќа тој одговори на предизвикот и го започнаа IndieGoGo проектот.

Никола Тесла е еден од најзначајните научници и иноватори, има огромен  допринос во употребата на електричната енергија во секојдневието. Тесла исто така има огромен придонес за примената на наизменична струја,  електромагнетика и на полето на електични машини.

Доколку ви се допаѓа идејата, но не сте во можност да донирате можете да помогнете со тоа што ќе го споделите стрипот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии