Nvidia стартува стримање на видеоигри преку облакот со Geforce Now

Корисниците на Shield TV имаат причина за радост. Nvidia најави дека од октомври започнува со Geforce Now, стриминг сервис за видеоигри. Сервисот чини 8 долари месечно, а за оваа сума преплатниците имаат пристап до околу 50 видеоигри, помеѓу кои Alan Wake, Batman Arkham Asylum, Arkham Origins и слично. Дел од игрите, најчесто најновите, не се вклучени во претплатата и треба да бидат купени. Стримот е 1080р при 60 fps, но во зависност од брзината на интернетот, резолуцијата може да биде намалена.

Nvidia се надева дека освен видео игри на корисниците ќе може да им понуди повеќе содржини, музички сервиси како Spotify од денес се веќе присутни на платформата, а најавени се и Showtime и NFL Sunday Tickets. Услугата ќе им биде достапна на сите сопственици на Shield TV и останатите Shield уреди, вели Verge. Заедно со Geforce Now во Европа доаѓа Shield TV, која ќе биде достапна во: Франција, Германија, Норвешка, Данска, Финска, Шведска и Велика Британија. Со ова Nvidia му станува конкуренција на Sony и PlayStation Now, но со оглед на популарноста на конзолата, барем во догледно време нема изгледна можност за преземање на приматот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии