Nvidia со 30 нови наслови за GeForce Now

Една од најконтроверзните работи кои ги опкружуваат моменталните платформи за cloud gaming во моментов е нивната библиотека на игри. Додека некои студија со задоволство ги ставаат нивните наслови на ваквите платформи, други не сакаат “некој трет” да профитира од нив, и остро се противат на ова.

Доколку вашата избрана cloud gaming платформа е GeForce Now на Nvidia, од пред неколку дена имате нови 30 наслови во кои ќе може да уживате. За истата пишувавме пред некое време, а еве и листа од сите наслови кои се достапни за неа.

  • Assassin’s Creed II Deluxe Edition
  • Assassin’s Creed III Remastered
  • Assassin’s Creed Brotherhood
  • Assassin’s Creed: Revelations
  • Heroes of Might & Magic III – HD Edition
  • Heroes of Might & Magic V
  • Heroes of Might & Magic V: Tribes of the East
  • Might & Magic: Heroes VI
  • Might & Magic Heroes VII
  • TrackMania² Stadium
  • The Shattering
  • Call to Arms
  • Conan Unconquered
  • Creative Destruction
  • Darksiders: Warmastered Edition
  • Dead Age
  • Divinity: Original Sin (Classic)
  • Dungeon Defenders
  • Enclave
  • Gothic 3
  • Hitman: Absolution
  • Iron Sky: Invasion
  • King’s Bounty: The Legend
  • Magicka
  • Overcooked!
  • Pro Cycling Manager 2017
  • S.T.A.L.K.E.R.: Shadow of Chernobyl
  • Stoneshard
  • Streets of Rogue
  • Sudden Strike 4
  • Superhot
  • This Is the Police
  • Trailmakers
  • Trine 2: Complete Story
  • Tropico 4
  • Wurm Unlimited
Trees, Average Age Killers, Mercenaries, Gentlemen

Листата е прилично долга, и се наоѓаат најразлични наслови. Како дел од Indie Spotlight ги имаме Overcooked!, Superhot, Trine 2 и други, но веројатно најмногу внимание ќе привлечат големите наслови од типот на четирите нови игри од Assassin’s Creed серијалот. Иако ова се постари игри, за многу обожаватели на серијалот се помеѓу најдобрите. Други наслови кои се издвојуваат се Darksiders: Warmastered Edition, Hitman: Absolution, како и TrackMania² Stadium.

Она што можеби ќе го забележите е дека повеќето од овие наслови се далеку од најнови. Но сепак, по проблемите кои cloud gaming платформите ги имаат со игрите кои ги даваат на располагање за нивните корисници, не радува што има прилично големи наслови на списокот. Со оглед на тоа дека GeForce Now како сервис е достапен и во Македонија, може да се навратите на некои од нив и да уживате повторно.  

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии