Nvidia Shield стана поатрактивна со можност за стримање на игри со Gamestrem

Рачната Android конзола од Nvidia, Shield конечно дочека излегување на финалната верзија на GameStream функцијата. Покрај ова сепак најголема надградба е префрлањето на Android 4.3 оперативен систем, а корисниците сепак најмногу ќе се радуваат на тоа дека производителот изнајде начин да го зголеми бројот на игри кои се компатибилни со џојстикот. Gamepad Mapper е нова опција која ќе им овозможи на корисниците да ги заменат копчињата од екранот на допир со копчињата и џојстикот на конзолата. Покрај зачувувањето на профилите овозможено e и преземање на сетирањето на копчињата кои други играчи ќе ги споделат.

Новиот Console-мод овозможува резолуцијата која сега ќе ја стрима конзолата на HD телевизорите да биде 1080р наместо досегашните 720р. За жал 1080р стримот на PC игри е проследен со пад на бројот на фрејмови па квалитетот на играње е значително влошен. Играњето на Android наслово на 1080р при 60Hz е без проблем. Nvidia сепак вели дека дека со следните надградби 1080р и 60Hz за PC ќе биде со подобрен квалитет. За жал за ова задоволство на корисниците дополнително ќе им бидат потребни кабли и USB-Ethernet адаптери, а поголем проблем ќе биде потребата од дополнителен бежичен контролер.

Покрај подобрувањата Shield сепак останува со цена од 300 долари, а првенствено е конзола за корисниците со скап десктоп компјутер и Nvidia графички картички. Засега ова останува премногу мала група, доколку козолата успее да се одржи доволно долго за развојниот систем да ги поправи сите дупки, Nvidia ќе може да се надева и на нови корисници, вели The Verge.

[youtube]doPgNLeTzk4[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии