Nvidia се смирува со Linux корисниците; ќе развива драјвери со отворен код

Иако досега голем број на ИТ компании биле критикувани од заедницата на Linux корисници, најостри беа спрема Nvidia која самиот Линус Торвалдс ја нарече „една од најлошите компании со кои имаат соработувана“. Но, наместо да се жалат за покажаниот среден прст, Nvidia реши да ги закопа копјата со Linux заедницата. Компанијата испрати мејл до Nouveau во кој е документирана дел од работата на нивниот графички процесор, со цел да се подобри работата на Nvidia драјверите од Nouveau. Дополнително од Nvidia со тек на времето ќе испраќаат повеќе документација за останатите области.

Првиот чекор беше објавување на документацијата за DCB (Device Control Block) слојот во Nvidia VBIOS, опишувајќи ја топологијата на плочката и прикажувањето на конекторите. „Претпоставувам дека поголем дел од информациите во документот не се за заедницата, но се надевам дека ќе биде од корист и ќе имаме разбирање”, смета Енди Ритгер од Nvidia. Дополнително луѓето кои работат на графичкиот процесор ќе ја следат мејлинг листата на Nvidia Linux GPU драјверот и ќе им помагаат на развивачите од заедницата.

Овој потег од Nvidia наиде на позитивни коментари од заедницата и неколку дополнувања за тоа што ги мачи развивачите на слободниот драјвер и на што би требале да обрнат повеќе внимание од Nvidia. Сепак, Линус Торвалдс, се’ уште не е спремен да им се извини. „Јас сум внимателен оптимист кој смета дека ова е вистинска промена на начинот на кој Nvidia гледа кон Linux. Документите објавени од нивна страна се прилично ограничени, тоа не е некоја голема работа, но доколку Nvidia отвори повеќе информации, тоа би било одлично”, вели Линус Торвалдс во мејлот испратен до Ars Technica.

Како дополнение, Nvidia е спремна да објават повеќе информации поврзани со BIOS-от, а со помош на драјверот на Nouveaue сакаат да им понудат на корисниците добро корисничко искуство, подобро 2D и 3D реденрирање и слично. Се надеваат дека информациите за DCB и BIOS-от ќе помогнат во решавањето на проблемите со кои се соочуваат од заедницата што ги развива Nvidia драјверите за Linux.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии