Nvidia RTX SUPER достапни и на лаптопи

Во јули 2019 година, Nvidia ги најави GeForce RTX SUPER графичките картички, кои беа малку подобрени верзии од веќе постоечките RTX 2060, RTX 2070 и RTX 2080. Истите беа пуштени во продажба неколку дена подоцна, но досега не беа достапни за лаптоп компјутерите.

Ова сé се смени на 15 април, кога беа пуштени во продажба лаптоп компјутери со новите RTX SUPER графички картички. Во моментов достапни се RTX 2080 SUPER и RTX 2070 SUPER, а се очекува партнерите на Nvidia да имаат нешто повеќе од 100 модели на продажба со горенаведените графички картички.

Што е ново?

RTX SUPER графичките картички имаат дедицирани ray tracing јадра кои помагаат со real time ray tracing, а исто така се очекуваат и значителни подобрувања во Max-Q технологијата. Оваа технологија овозможува рамнотежа помеѓу добри перформанси и ефикасност во потрошувачката, и е достапна само кај лаптоп верзиите од графичките картички.

Претходно, Max-Q верзиите од графичките картички доаѓаа со послаби спецификации, но беа наменети за потенки и полесни лаптопи кои не можеа да овозможат соодветно ладење за графичките картички кои имаат поголеми побарувачки.

Со RTX SUPER, Max-Q технологијата треба да е двојно поефикасна, но и да овозможи подобри перформанси. Една од новините е Dynamic Boost, што значи дека има подобар баланс помеѓу графичката картичка и процесорот, а истиот варира од еден фрејм до друг. Ова не само што ќе ги подобри перформансите, туку и нема да воведе дополнителна потрошувачка.

Покрај ова, има и зголемена ефикасност на меморијата бидејќи се користи GDDR6 меморија со понизок напон, како и нова генерација на регулатори на напонот. Исто така, Nvidia ја надградуваат и Optimus технологијата, која е одговорна за определување на тоа кој графички процесор го контролира дисплејот на лаптопот.

man playing on gaming lapto p

За да работите се уште подобри, Nvidia исто така овозможува и Deep Learning Super Sampling (DLSS) 2.0 на новите графички картички. За ова пишувавме пред некое време, но накратко, технологијата ги користи tensor јадрата за повеќе фрејмови во секунда, без да се изгуби квалитет.

Во кои лаптопи ќе ги видиме овие графички картички?

Како што спомнавме погоре, се очекуваат преку 100 модели на продажба. Цените на истите почнуваат од околу 1,000 долари, а некои од попознатите модели ги вклучуваат Acer Nitro 5, ASUS ROG Strix G15, MSI GF65 Thin, Lenovo Legion Y540 и HP Omen 15. Со фактот што повеќето од овие производители се достапни и кај нас, не би не зачудило доколку некои од овие лаптопи ги видиме и локално за некое време.

Покрај ова, Nvidia најавија и 10 нови RTX Studio лаптопи кои исто така доаѓаат со 10та генерација Intel процесори, а производители кои ќе имаат вакви се Gigabyte, MSI, Acer и Razer. Гореспоменатите ray tracing јадра во графичките картички значително помагаат со апликации кои поддржуваат GPU acceleration, како на пример Adobe Premiere Pro, AutoDesk Arnold, DaVinci Resolve и слични.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии