Nvidia разви процесор за дроновите од иднината

Image courtesy of Nvidia

Nvidia претстави нов процесор Jetson TX1, кој треба да овозможи перформанси на суперкомпјутер за беспилотните летала. Станува збор за плочка која треба да го замени Tegra К1 процесорот кој досега се користеше во Matrice 100 дроновите.

Ќе управуваат самостојно, ќе препознаваат објекти и ликови и ќе стануваат попаметни преку машинско учење. Ќе им овозможат на девелоперите да креираат производи кои ќе ја променат индустријата,“ вели Депу Тала од NVIDIA. Новата плочка доаѓа со пресметковна моќ од 1 ТFLOP/s, пред се благодарение на Maxwell графичкиот процесор со 256-јадра и 64-битен ARM А57 процесор. Плочката доаѓа и со 4GB LPDDR4 и 16 GB слободен простор. Дополнително плочката ќе доаѓа со камера која ќе им помага на леталата да се справат и да „учат“ од сите нови ситуации со кои се среќаваат при летовите.

Jetson TX1 e креиран за користење со deep neural net, но и да го аплицира како идентификација на објектите кои ги гледа со камерата. Конечната цел е креирање на нова класа на автономни производи, од дронови, па до роботи кои можат да се движат по области погодени од катастрофи кои се ризични за луѓето, вели Hothardware.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии