Nvidia претстави нова серија GeForce RTX 30 графички картички. Она што може да го заклучиме од официјалната најава е дека ќе имаат неверојатни перформанси, а дел од нив ќе дојдат и со достапни цени, иако ова е споредба со цената на постоечките картички.
Во оваа серија компанијата претстави три нови картички, и како што го прават ова вообичаено, станува збор за помоќниот дел од серијата. RTX 3090, RTX 3080 и RTX 3070 доаѓаат веќе од овој или од следниот месец. Иако не се најевтини, перформансите кои ни ги ветуваат се неверојатни.
Вообичаено протекувањата на информации се со приближно точни информации, но овојпат тоа не беше случaј. Графичките картички имаат двапати повеќе јадра од податоците кои неофицијално се споделуваа. Доаѓаат со нова генерација Ray Tracing и нова (трета) генерација Tensor јадра. RTX 3080 е најмоќната графичка картичка за гејминг за обичните смртници со работна фреквенција од 1710 MHz, 8704 CUDA јадра и 10 GB GDDR6X.
„Чудовиштето“ во серијата е RTX 3090 со 10496 CUDA јадра; 1700 MHz, 25 GB GDDR6X. Картичката е наменета за 8К гејминг ентузијастите, но доаѓа за 1500 долари со што делува прескапо.
Разликите со претходната генерација графички картички се забележува и визуелно, со карактеристичната форма на ладилникот. Ова секако беше јасно уште од самото протекување на првите податоци и слики. Променето е и напојувањето на картичките за кои сега е потребен 12-пински конектор.
Перформанси на буџет (некаков)
Она што е импресивно е падот на цената и растот на перформансите. Така RTX 3070 доаѓа со 5888 јадрен графички процесор и фреквенција 1,730 MHz. Перформансите на картичката се споредливи со RTX 2080 Ti, но разликата во цена е огромна. RTX 3070 чини 500 долари, што е помалку од половина од 1200 долари колку што треба да се одделат за RTX 2080Ti.
Графичка картичка | RTX 3090 | RTX 3080 | RTX 3070 |
---|---|---|---|
Име на процесорот | Ampere GA102-300 | Ampere GA102-200 | Ampere GA104-300 |
Process Node | Samsung 8N | Samsung 8N | Samsung 8N |
CUDA јадра | 10496 | 8704 | 5888 |
Брзина на процесор | 1700 MHz | 1710 MHz | 1730 MHz |
Графичка меморија | 24 GB GDDR6X | 10 GB GDDR6X | 8 GB GDDR6 |
Memory Bus | 384-bit | 320-bit | 256-bit |
Bandwidth | 936 GB/s | 760 GB/s | 512 GB/s |
Брзина на меморија | 19.5 Gbps | 19 Gbps | 16 Gbps |
Напојување | 350W | 320W | 220W |
Цена | 1,499 долари | 699 долари | 499 долари |
Достапност | 24 септември | 17 септември | октомври |
Без сомневање наскоро не очекуваат подетални тестови и прегледи на картичките, за кои веруваме едвај чекате да ги дознаете. Веројатно наскоро ќе го дознаеме и одговорот на Radeon на новите GeForce RTX 30 графички картички.