NVIDIA претстави две професионални графички картички RTX A6000 и A40

Дејан Соколоски

во Вести

Nvidia претстави две нови професионални графички картички. Компанијата го одржува вториот GTC настан оваа година. Oвојпат има помалку хардвер, и ако не сте професионалец, помалку инрересен хардвер, но сепак има новитети.

Речиси на самото отворање можеме да ги видиме замените на Quadro RTX 8000, RTX A6000 и A40. RTX А6000 доаѓа со истиот GA102 чип, како и комерцијалните гејминг картички RTX 3080 и 3090.

Во најавата производителот вети дека во некои процеси новите картички се два пати побрзи од актуелните модели. Сепак Nvidia засега не ги претстави перформансите на овие картички; Можно е да се во фаза на доработка, па немаат точни перформанси или намерно не ги објавуваат, велат од AnandTech. Секако ова ќе се промени пред испораката која е најавена за средината на декември.

A40 е речиси идентична картичка со A6000, но со една крупна разлика, доаѓа со пасивно ладење. Ова значи дека и самиот изглед на графичката е значително поинаков. Доаѓа со огромен ладилник преку кој се лади; има мала разлика, но не преголема разлика и во меморијата. Бројот на CUDA и Tensor јадра е ист, а и двете картички се со ист TDP, па очекувањата се и перформансите да бидат речиси идентични.

Цената и точната дата на излегување засега се непознати, иако е тешко да се претпостави дека ќе биде премногу голема разликата со претходникот. Што би значело 9000 и 10 000 долари.

NVIDIA Professional Visualization Card – Споредба на спецификации
A6000 A40 RTX 8000 GV100
CUDA јадра 10752 10752 4608 5120
Tensor јадра 336 336 576 640
Boost Clock ? ? 1770MHz ~1450MHz
Memory Clock 16Gbps GDDR6 14.5Gbps GDDR6 14Gbps GDDR6 1.7Gbps HBM2
Memory Bus 384-бит 384-бит 384-бит 4096-бит
Видео меморија 48GB 48GB 48GB 32GB
ECC Partial
(DRAM)
Partial
(DRAM)
Partial
(DRAM)
Full
Half Precision непознато непознато 32.6 TFLOPS 29.6 TFLOPS
Single Precision непознато непознато 16.3 TFLOPS 14.8 TFLOPS
Tensor перформанси непознато непознато 130.5 TFLOPS 118.5 TFLOPs
(FP16)
TDP 300W 300W 295W 250W
Ладење Активно Пасивно Активно Активно
NVLink 1x NVLink3
112.5GB/sec
1x NVLink3
112.5GB/sec
1x NVLInk2
50GB/sec
2x NVLInk2
100GB/sec
графички процесор GA102 GA102 TU102 GV100
Архитектура Ampere Ampere Turing Volta
Производен процес Samsung 8nm Samsung 8nm TSMC 12nm FFN TSMC 12nm FFN
Цена ? ? 10,000 долари 9,000 долари
Дата на излегување 12/2020 Q1 2021 Q4 2018 март 2018

Она што може да се забележи е дека во оваа генерација недостасуваат картичките со „имиња“. Сега тоа е случај со Quadro и Tesla, а претходно не видовме Titan картичка.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии