Nvidia одговори на критиките на Линус Торвалдс

Nvidia одговори на острите критики на Линус Торвалдс за нивната компатабилност со Linux и поддршката на Nvidia Optimus картичките. Со својата изјава пред неколку денови, јасна беше неговата фрустрација, па и на целата Linux заедница, што дури го натера да користи и погрди зборови изјавувајќи, „Е*и се Nvidia“.

Nvidia беше буквално принудена да одговори на критиките на таткото на Linux, технологија која создаде нов маркет за Nvidia во мобилната индустрија, технологија која владее на серверите, суперкомпјутерите и многу повеќе. Како што пишува Phoronix, Nvidia во својот извештај вели дека поддршка на Linux е важна за нив и дека ја разбира фрустрацијата на луѓето. Исто така, пишуваат и дека максимално работат на поддршка на ARM Linux кернелот.

Што се однесува до криките за Optimus чиповите, од :

„Кога ние ја пуштивме нашата Optimus технологија, таа беше само со Windows 7 поддршка. Заедницата на слободен софтвер се собра да работи на тоа со поддршка од Bumblebee, а како резултат на тоа ние направивме инсталер и промени во readme белешките за R295 драјверите кои беа дизајнирани за интеракција со Bumblebee.“, објаснува Nvidia за своите  Optimus чипови.

Во продолжение на својот извештај тие наведуваат и дека донеле одлука за Linux, поддршка на своите графички.

  • Linux корисниците имаат бенифит од новите графички процесори, OpenGL верзијата и продолжување на рамноправноста помеѓу Nvidia Windows и Nvidia Linux поддршка, како и за OpenGL.
  • Голем дел од нашите графички процесори поддржуваат Linux, вклучувајќи ги најновите GeForce, Quadro и Tesla графички. Нашите драјвери за тие платформи се надградуваат редовно. Само оваа година до сега имаме објавено седум надградби за Linuxи истите се достапни на www.nvidia.com/object/unix.html.
  • Ние редовно придонесуваме во развојот на ARM Linux кернелот. За последниот 3.4 ARM кернел – кернелот кој ќе се користи на Linux, Android и Chrome дистрибуциите, Nvidia е втора по бројот на искуцани линии код.

Сепак, на крајот на денот, вели Nvidia наша клучна цел е на сите корисници со различни палтформи да имаат добро искуство со нашите графички процесори.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии