Nvidia наскоро ќе претстави картичка за копање крипто валути?

Nvidia наскоро би можела да му се приклучи на AMD и да издаде графичка картичка која ќе се користи за копање крипто валути. AMD има вакви специјализирани модели од поодамна, и поради тоа доминира на овој сегмент од пазарот. Новата Inno3D P102-100 ќе биде наменета за копање на криптовалути, јави ExtremeTech.

Според спецификациите, секако доколку се точни, картичката ќе биде блиску до GTX 1080 Ti, иако малку послаба. Со оглед на тоа дека ќе биде оптимизирана, резултатите за копање криптовалути најверојатно ќе бидат подобри. Еве ги хардверските спецификации:

  • CUDA јадра: 3200
  • Работна фреквенција: 1582 MHz
  • Фреквенција на меморија: 11 Gbps
  • Меморија: 5 GBВид на меморија: GDDR5X
  • Мемориски интерфејс: 320-бита
  • Мемориски опсег: 400 GB/s
  • Bus Support: PCIe Gen1 x4
  • Димензии: 21.5 cm должина, 12.5 cm висина, дуал-слот
  • Max TDP: 250 W
  • Конекција со напојување: 2x 8-pin PCI-E

Секако новата графичка картичка од Nvidia, доколку навистина постои ќе го релаксира пазарот на гејминг картички кои во последно време не е лесно да се пронајдат. Дури и кога се достапни поради зголемената побарувачка  цените се превисоки.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии