Nvidia претстави пет нови Gforce 700M процесори наменети за ноутбуковите

Nvidia најави пет нови ноутбук графички процесори со Kempler архитектура. Претставените процесори се од 700M серија: GeForce 720M, 735M, 740M 745M и 750М ќе го зголемат бројот на процесори од оваа серија на седум.

„Со GeForce 700 не доставуваме само подобри графички перформанси. Ви доставуваме ноутбук кој е доволно „паметен“ да го отклучи потенцијалот кој GeForce го поседува.“, вели Nvidia на својот блог.

GeForce 700 серијата доаѓа со „automagic“-технологија која ќе го оптимизира работата на графичкиот процесор и празнењето на батеријата. „Automagic“- всушност е збир на Optimus, GPU Boost 2.0 и GeForce Experience. Optimus автоматски го вклучува и исклучува GPU-то кога има или нема потреба од негова работа, со ова го продолжува времетраењето на батеријата. GPU Boost 2.0 ја менува фрекфенцијата на графичкиот процесор додека играте и може да ги подобри перформансите за 15 отсто. Последниот дел од „триото“ GeForce Experience автоматски ќе ги нагодува игрите за оптимални перформанси и визуелен квалитет, покрај ова Experience ќе ги симнува новите драјвери кога ќе бидат достапни.

Колку за пример 700М серијата може да испорача 90fps на StarCraft II: Heart of the Swarm, 66 на Batman: Arkham City, 48 на Battlefield III, известува Тechspot, а можете да ја видите и споредбата со интеловиот HD4000 процесор.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии