Nvidia ја претстави RTX 2000 серијата графички картички, 6 пати подобри перформанси

Image courtesy of Nvidia

Новите графички картички од Nvidia доаѓаат наскоро, компанијата ги претстави првите картички од 2000 серијата на Gamescom во Германија. Според првите најави ќе бидат навистина брзи, а според Nvidia дури 6 пати побрзи од сегашните.

Според очекувањата компанијата се префрли на архитектурата Туринг и „рипна цела илјадарка“, па новите картички се 2xxx серија. Најверојатно ќе забележите и дека GTX е заменет со RTX, а првите картички кои ќе видат достапни од септември се RTX 2070, RTX 2080 и RTX 2080 Ti. Спецификациите на RTX 2080 Ti се и повеќе од импресивни. Картичката доаѓа со 4352 CUDA јадра на 1350 MH, „boost“ до 1635 MHz. Картичката доаѓа и со 11 GB GDDR6 меморија со брзина од 14 Gbps. Не Ti верзијата доаѓа  2944 CUDA јадра на 1515 MHz, „boost“ на 1800 MHz и 8 GB GDDDR6 со брзина од 14 Gbps. RTX 1070 доаѓа со 2304 CUDA јадра на 1410 MHz и „boost“ на 1710 MHz и 8 GB GDDDR6 со брзина од 14 Gbps. (Спецификациите се однесуваат на Founders Edition верзиите.)

Најголема промена која ја нуди новата технологија е „reytrace“ во реално време во игрите. Засега ова не се користи во игрите, но најверојатно ќе го видиме веќе во игрите од следната генерација.

„Користиме вештачка интелигенција да генерираме резолуција која инаку немаше да ја имаме. За прв пат може да генерираме пиксели кои недостасуваат и всушност да бидат точни“, вели директорот на Nvidia.

Секако најмоќните графички картички не доаѓаат за малку пари. Препорачана цена за GeForce RTX 2070  е 600 долари; за GeForce RTX 2080 Founders Edition, цената е 800 долари; цената на GeForce RTX 2080 Ti Founders Edition е 1200 долари. Цените на картичките кои не се Founders Edition се нешто пониски, односно: GeForce RTX 2070 e 500 долари; GeForce RTX 2080, 800 долари; GeForce RTX 2080 Ti, 1000 долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии