Nvidia го претстави „првиот мини суперкомпјутер“ Jetson TK1

Jetson TK1 од Nvidia е првиот преносен суперкомпјутер базиран на истата архитектура како Titan. Мини суперкомпјутерот е наменет за употреба во роботиката, автономните возила или комјутерите чија намена е симулација на човечкото препознавање на физичките објекти. Jetson ТК1 доаѓа со Tegra K1, 2 GB RAM, 16 GB слободен простор, mini-PCIe слот, SD/MMC конкетор и HDMI порт. На плочата има и по еден USB 2.0 и 3.0 порт RS232 сериски порт, ALC 5639 Realtek Audio codec со влез и излез. Освен ова на плочката има и RTL8111GS Realtek GigE LAN порта, SATA порта и SPI 4 MByte boot flash, пишува Tom’s Hardware.

И покрај тоа што Jetson TK1 е сличен со Raspberry PI или Arduinos сепак е далеку поквалитетна плочка од овие две. За разлика од нив може да достигне до 326 гигафлопи и е далеку поприлагоден за примена во автономни летала или автомобили, роботика, уреди за проширена реалност, човек-машина интерфејс и слично. Токму поради ова цената на Jetson TK1 е повисока и чини 192 долари.

Jetson TK1 алатката за девелопери ќе биде во претпродажба од денес, а ќе доаѓа со се што е потребно за креирање на апликации, од OpenGL 4.4, CUDA-pack и VisonWorks toolkit. Веќе се најавени и партнерите за продажба во САД и Европа, а се надеваме дека наскоро Jetson ќе биде достапен и во Македонија.

[youtube]9le03HbTckA[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии