Nvidia ги претстави „ефикасните и моќни“ GTX 970 и GTX 980 графички картички

Новите графички карти од Nvidia GTX 980 и 970 за разлика од претходните Maxwell картички кои се направени да бидат штедливи, се направени за подобри перформанси. GeForce GTX 980 доаѓа со 2048 CUDA јадра; процесор на 1126 MHz или 1216 MHz во boost-мод; 4 GB 256-битна GDDR5 меморија и потрошувачка од 165W. GeForce GTX 970 доаѓа со помалку CUDA-јадра,, 1664, фрекфенција на процесорот е 1050MHz или 1170 boost; 4GB 256-битнa DGGR5 меморија и побарува 145W за работа. Цената на графичките картички се 550 долари за GTX 980 и 330 долари за GTX 970.

„Друга нова технологија која ја имаме е MFAA или Multi-Frame Sample Anti-Aliasing. Наменета е за оние гејмери кои имаат одличен квалитет на слика, но сакаат и подобри перформанси. MFAA може да ги подобри перформансите за 30 отсто“, вели Скот Херкелман за Engadget.

[youtube]W1LQZI7c7Ng[/youtube]

Сепак и покрај тоа што хардверот е навистина импресивен тоа што е ги издига графичките картички на Nvidia овојпат е технологијата која е имплементирана. Со помош на 13 gaussian филтерот, 4К слики можат да се префрлат на 1080р монитори, што овозможува подбрување на квалитетот на сликата, дури и кога графиката веќе е на својот максимум. Новите картички доаѓаат со Voxel Global Illumination- технологијата која Nvidia ја презентираше со реконструкција на слетувањето на Mесечината. Засега технологијата е недостапна на останатите компании, но Nvidia најави дека VXGI доаѓа на Unreal Engine 4 и на дел од другите енџини до крајот на 2014 година.

Nvidia на презентацијата го претстави и изгледот на првата игра со поддршка за Oculus, Eve:Valkyrie на Maxwell графичките картички.

[youtube]KmNQEiJUthc[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии