Nvidia GeForce GTX Titan е графичка картичка која е инспирирана од суперкомпјутер

Инспирирана од суперкомпјутерот Titan на Американската Национална лабораторија во Оук Риџ кој работи на 18.688 Nvidia GPU-a, GeForce GTX Titan ќе биде најмоќниот графички процесор на Nvidia. GTX Titan има чип со едно јадро со 2.688 CUDA јадра na 837 MHz и 6 GB GDDR5 меморија, и ќе чини скромни 999 долари. Ќе започне да се продава од 25-ти февруари. Kартичката е дизајнирана според Nvidia Kepler архитектурата, иста која се користи и за суперкомпјутерот Titan. Tокму затоа Nvidia ќе ја продава картичката како „моќ за првиот светски суперкомпјутер за гејминг“.

[youtube]0_xgeOZrnJI[/youtube]

Според неколку ИТ блогови, иако GTX Titan го има набрзиот GPU, сепак тоа не значи дека е најбрзата картичка на светот. Таа титула оди на GeForce GTX 690 која има две послаби GPU-а со 3.072 CUDA јадра на 915 MHz. Но, Titan е дизајниран да биде што е можно поефикасен во смисла да користи помалку енегија, да загрема помалку, да не бучи при работење и да може да се смести во тенки куќишта.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии