Неодамна Nvidia ги претстави GTX 1080 и 1070 графички картички наменети за гејминг, кои со перформансите ќе ги заменат не само Titan X, туку се подобри од две GTX 980 графички картички поврзани во SLI. Ова се првите графички картички со 16nm Pascal архитектура, што треба да ги возбуди сите хардвер и гејминг ентузијасти.

 
Geforce GTX 1080 наскоро ќе биде достапна, но Gamespot имаше прилика малку порано да ја тестира картичката и да провери дали она што го зборува Nvidia на презентацијата е вистина. Со оглед на тоа дека објаснувањето за брзината е малку посложено, ќе почнеме од процесорот кој навистина е најбрзиот процесор на графичка картичка досега, со нормална работна фреквенција 1607 MHz и 1733 MHz во „boost“.

Супериорноста во перформансите на Geforce GTX 1080 се забележува на високите резолуции. На резолуција 1080p подобро е да имате две GTX 980 во SLI, но нема да имате никакви проблеми ниту со GTX 1080. На повисока резолуција до израз доаѓаат 8GB DDR5X меморија во Geforce GTX 1080, а веќе од 2К резолуција новата картичка има подобри перформанси. На 4К, GTX 1080 е предобра за да ја игнорирате. Картичката надвор од „foundation” ќе биде достапна за 600 долари, само 50 долари повеќе од GTX 980, но многу помалку од Titan X која чини 1.000 долари.

 
Картичката доаѓа и со интересни можности кои ги обезбедува софтверот. Веќе сме пишувале за уметноста во видеоигрите, но и за уметници кои фотографираат во видеоигри. Ansel е чекор понатаму, функционалност која дозволува пауза во играњето и слободна камера со која играчот може да фотографира. Максималната резолуција на ваквата фотографија е 4,5 гигапиксели. Ansel овозможува 360 степени стетоскопска фотографија, што значи дека по сликањето играчот може да се прошета по локацијата во виртуелната реалност. Девелоперите ќе треба да додадат малку код во играта, но според Nvidia нема да биде премногу работа.

 
VRWorks Audio е подготовка за аудио во видеоигрите во виртуелната реалност. Технологијата овоможува пресметки кога звукот се одбива од ѕид и креира ехо кога тоа е потребно. Simultaneous Multi-Projection е технологија која ќе компензира за различните агли под кои гејмерот ги поставува мониторите. Графичката картичка има 16 независни рамнини, па може да се поправат сите грешки поради закривеното поставување на мониторите. Новата графичка картичка ќе доаѓа и со HDR технологија која ќе помогне за прикажување на повеќе бои или според Nvidia сега може да биде презентирани  75 отсто од видиливиот спектар, иако за ова ќе треба HDR-монитор и HDR-поддршка во играта.

Со оглед на цената и перформансите се чини дека Geforce GTX 1080 е вистински избор за сите гејмери кои можат да си ја дозволат. За сите за кои 600 долари се премногу за графичка картичка, на 10 јуни излегува Nvidia GTX 1070 која е побрза од Titan X, но чини 380 долари. Се чини дека не е потребно да споменеме дека и двете картички се повеќе од доволни за да бидете подготвени за виртуелната реалност.

4 коментари на “Nvidia GeForce GTX 1080 е чудовиште!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии