NuTonomy по Сингапур започнува со тестови на автономни возила и во САД

Компанијата NuTonomy која започна со тестови на автономните возила во Сингапур, наскоро почнува со тестови и во САД. Тестовите се во градот во кој е основана и работи компанијата, Бостон.

Компанијaта тестира систем за автономност, а возилото ќе биде тестирано во индустрискиот парк во Бостон. Тестовите се слични како и тестовите во Сингапур кои се на само мал дел од градот, простор во радиус од 4 километри.

„Бостон е подготвен да ја предводи промената на автономните возила, а јас сакам да обезбедам, автономните возила да им помогнат на жителите на Бостон.“, вели градоначалникот на Бостон, Марти Волш.

Ова е враќање назад на компанијата откако беше основана на универзитетот MIT, но своите возила ги тестираше во Азија. Во првите тестови возилата ќе бидат придружувани со инжeнер кој ќе треба да го надгледува системот за автономија. Ова е последица и на законот, но и потреба за компанијата која сака да види што се случува со возилата на лице место.

Автономните возила се најголемиот интерес на автомобилската индустрија последниов период, бидејќи своевидно создаваат револуција. Tesla која е една од компаниите кои започнаа да тестираат автономни системи сега презентираше и интересно видео во кое може да видиме сè што гледа и возилото.

Компјутерот на Tesla препознава ленти на патот, објекти, сообраќајни знаци, луѓе, возила. Според компанијата новиот компјутер ќе биде 40 пати помоќен од претходната генерација.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии