Нурнете во океаните со Google Earth

Со години наназад, Google Earth нѝ дозволува да ја истражуваме површината на планетата земја, но што доколку би сакале да нурнете под водените површини и да откриете што кријат самите океани?

Благодарение  на трудот на непрофитабилната организација Underwater Earth и несебичната соработка со други, слични агенции, проектот  се одликува со скоро 3000 фотографии кои ги прикажуваат бројните жители на океаните.  Подводните околини се прикажани во 360 степени, панорамска перспектива. Некои од нив се исклучително невообичаени и пленат со чувство на вонземна мистериозност. Некои други фотографии прикажуваат најразлични џипови, камиони и булдожери кои биле фрлани за време на Втората Светска Војна. Некои трети, магично ги имаат опфатено бројните жители и прикажуваат прекрасен хаос од риби, ајкули, и слично.

За уживање во предностите на  Underwater Earth, потребно е да користите прелистувач Google Chrome, затоа што приказот е дел од функционалноста за онлајн интерактивни приказни (или Voyager), нешто што е овозможено преку самиот Chrome. Корисниците на iOS, или Android уреди, можат да дојдат до значително подобра прегледност преку апликацијата Google Earth. Линкови за преземање на App Store или Play Store.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии