Nubia X: Малку инвентивна промена за дисплеј на цела површина

Дејан Соколоски

во Мобилни

Image courtesy of Nubia

Nubia е нов и релативно непознат производител на паметни телефони. Сепак компанијата ќе понуди решение што најголем дел од други не го нудат.

Зафаќање на што е можно поголем дел од екранот се обидуваат да направат речиси сите компании. Најголем дел од компаниите на кои им „успеало“ ова користат „слајдер“ на кој е скриена предната камера. Nubia X наместо ова сосем ја отстранува предната камера.

Наместо оваа камера телефонот има дополнителен дисплеј на задната страна, па корисникот може ова да го користи за своите селфи фотографии. Дополнително, помошниот дисплеј може да се промени, па на него да има часовник или некаква сликичка.

Nubia X доаѓа со 6,26-инчен FHD главен дисплеј и помошен 1,520 х 720 дисплеј на задната страна на екранот. Има една дуал камера со 16MP f/1,8 и 24MP f/1,7. За подобра фотографија и овој телефон доаѓа со вештачка интелигенција која ја анализира сликата. За корисникот да добие што е можно поубава фотографија сè се зема во предвид, од бојата на кожата до расата на корисникот, пишува Engadget.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии