NSA со XKeyscore може да следи „се што просечен корисник може да прави на интернет“

Американската Агенција за национална безбедност (NSA) уште во 2008-ма година има креирано софтвер преку кој аналитичарите, без претходна дозвола, можеле да пристапат до кориснички мејлови, онлајн чет и веб историјата на милиони таргетирани индивидуалци, пишува Guardian повикувајќи се на документите доставени од Едвард Сноуден.

Документите за XKeyscore кои ги објави Guardian, се користеле за тренинг на нови вработени во NSA. Тие откриваат дека XKeyscore не се користел само од членовите на NSA, туку и надворешни аналитичари имале пристап до базата на податоци која содржела милиони имејл адреси, телефонски броеви, IP адреси и клучни зборови кои се пребарувале преку прелистувач.

Во еден од слајдовите на презентацијата се вели дека програмот може да собере „скоро се што просечен корисник прави на Интернет“. Според Guardian, системот во 2012-та година собрал над 41 милијарди лични информации во период од 30 дена, но, поради огромниот број на податоци, некои податоци како имејлот се складираат само за три до пет дена, а мета податоците до 30 дена.

Според американските закони, NSA мора да има судски налог за да таргетира американски државјани, но не и треба налог за да таргетира не-американски корисници. NSA изјави дека „XKeyscore се користи како дел од легалните собирања на информации“, додавајќи дека со софтверот успеале да уапсат 300 терористи од 2008-ма година. Но, иако агенцијата демантираше дека податоците ги користеле непроверени аналитичари, сепак нејасна е поврзаноста со разузнавачките служби од други земји. Неодамна Der Spiegel објави дека германските разузнавачи имале пристап до податоците на XKS.

Софтверoт со својот достиг и дава вистинитост на изјавата на г. Сноуден дека „јас, додека седам на мојата работна маса, можам да прислушувам кого сакам, и да пристапам до вашите профили, дури и тие на федерални судии и претседатели, само преку личен имејл“. Г. Сноуден, поранешен аналитичар на CIA кој поради објавување на документите за набљудување е осуден за шпионажа во САД, во моментов се наоѓа во Москва и бара азил од Русија и Еквадор.

1 коментар на “NSA со XKeyscore може да следи „се што просечен корисник може да прави на интернет“

  1. This is a lie! We never know what are you doing on the internet…
    We have no technical knowledge for doing so, and we dont understand македонцки :)
    We respect your privacy!
    We would never spy on you!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии