NSA работи на квантен компјутер кој ќе ги пробие сите можни кодови

Американската Агенција за национална безбедност (NSA) гради „квантен компјутер“ кој ќе може да ги отклучи сите можни енкрипции за заштита на податоците, пишува Washington Post, повикувајќи се на документи кои ги достави поранешниот аналитичар на NSA, Едвард Сноуден.

Според извештајот, NSA инвестира околу 80 милиони долари во компјутерот кој сè уште не е изработен, но ако успеат да го завршат тој квантен компјутер ќе може да ги отклучи сите енкрипции и сите заштити на приватните пораки. Целта на ваквиот проект нема да бидат корисниците, туку владите и институциите кои споделуваат заштитени и доверливи документи, вклучувајќи ги и банките и бизнисите. Самото име на проектот – Penetrating Hard Targets – доволно јасно кажува која е намерата на NSA.

Развојот на ваков квантен компјутер веќе подолго време е цел на научната заедница поради позитивните импликации кои ќе ги има во медицината, но на NSA ќе и послужи за пробивање на кодовите. Квантниот компјутер е базиран на принцип на „квантна суперпозиција“ што вели дека еден објект може истовремено да постои во сите можни состојби. Ако обичните компјутери користат бинарни кодови, кои се или 0 или 1, квантниот компјутер користи квантни битови, или „кјубити“ кои во исто време се и еден и нула. Како што oбјаснува Washington Post, овој концепт кој лежи во срцето на квантната физика е нејасен дури и за теоретските физичари. Во теорија таков компјутер ќе биде поефикасен од бинарните машини бидејќи нема да го троши времето на пресметки кои не му се потребни за решавање на проблем, односно за отклучување на кодовите. Според документите објавени од г. Сноуден, се чини дека NSA може да ги претрка научниците во креирање на оваа супермашина.

„Со таква технологија, сите сегашни форми на јавна енкрипција ќе бидат отворени, вклучувајќи ги и тие што се користат на безбедните веб сајтови, и тие што се користат за заштита на државните тајни“, пишува Washington Post.

NSA одби да коментира за извештајот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии