NSA постапува против законот кога собира податоци од американските телефони

Независна комисија Privacy and Civil Liberties Oversight Board која ја разгледуваше работата на Националната агенција за безбедност (NSA), заклучи дека собирањето на милијарди податоци од телефоните на Американците е недозволено и мора веднаш да престане, јавува Washington Post.

„Не идентификувавме ниту еден случај каде закана за безбедноста на САД е откриена од телефонските податоци, а истите биле од непроценлива важност во истрагата. Поважно не е откриен ниту еден случај со кој програмата директно допринела за откривање на претходно непозната терористичка закана или да допринесе за прекинување на терористичка закана. “

Покрај ова комисијата заклучи дека не е можно собирањето на милијарди податоци од сите корисници да биде релевантно во истрагата. Можеби најважната одлука на комисијата е дека Одделот 215 од „Патриотскиот закон“ не може да се применува за да се оправда овој случај, бидејќи тоа би значело дека милијарди телефонски разговори се релевантни за за откривање на тереористички закани. Комисијата сепак не донесе едногласна одлука кога е во прашање преконот на праксата за следење на телефонските повици и податоци кои се добиваат од телефоните. Два члена на комисијата мислат дека со модифицирање кои би обезбедило доболнителна заштита на приватноста, проектот може да продолжи. Сепак три члена на комисијата гласаа против продолжување на програмата.

Белата Куќа го оспори извештајот на комисијата „Едноставно не се согласуваме со анализата на комисијата за легалноста на програмата… Администрацијата верува дека програмата е регуларна“, велат извори од администрацијата на претседателот Барак Обама по повод извештајот на комисијата. Г. Обама веќе одржа говор во кој побара реформи во NSA.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии