NSA може да шпионира и офлајн компјутери преку радио бранови

Нема граница на можностите на Американската агенција за национална безбедност (NSA) да ги шпионира своите мети, дури ако тие користат компјутери кои не се поврзани на интернет. Според нови документи објавени од New York Times, а доставени од поранешниот аналитичар на NSA, Едвард Сноуден, NSA шпионирала 100.000 машини кои немале пристап до мрежата преку вградени уреди што емитуваат радио бранови. Компјутерите им припаѓале на кинеската и руската војска (кои САД ги обвини дека често ги напаѓаат нивните индустриски и владини инсталации), некои машини се на нарко-картелите и други криминални организации, а некои на Европската унија и нејзините трговски гранки.

NSA преку агенти им вградувала мали уреди на офлајн компјутерите – често преку USB-а или со директно внесување на печатени кола на матичните плочи преку производителите – кои емитуваат радио бранови за да пренесат информации. Како од филм на Џејмс Бонд, станицата за комуникација со брановите, наречена Nightstand, е голема како актовка и може да ги собере информациите од одалеченост од 12 километри во идеални услови. Но, таа технологија се користи од 2008-ма година, и според експертите NSA има напредни верзии кои напаѓаат и мобилни телефони и големи мрежни сервери.

Агенцијата вели дека овие активности се за „активна одбрана“ против странските сајбер-напади, и дека технологијата не се користи како алатка за напади. Но, NSA го вели истото за сите милиони податоци кои ги собира секој ден од интернационални организации и од обичните граѓани, кои во ниту еден момент не претставуваат опасност врз државниот поредок. NSA негира дека ги користела своите моќни програми за шпионирање да краде индустриски тајни од странски компании во корист на домашните за да им даде предност во тргувањето.

Се очекува наскоро претседателот на САД, Барак Обама, да излезе со јавно сооштение за реформирање на NSA и овозможување на поголема транспарентност и легалност во работењето на агенцијата.

(Како прислушува NSA? Шема на New York Times)

1 коментар на “NSA може да шпионира и офлајн компјутери преку радио бранови

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии