Комичарот и новинар Џон Оливер во најновата епизода на Last Week Tonight имаше фантастично интервју со поранешниот аналитичар на NSA, Едвард Сноуден, во кој зборуваат за шпионирањето. Г. Сноуден, сега во азил во Русија, објави доверливи документи од американската Национална агенција за безбедност (NSA) со кои се откри дека NSA нелегално ги прислушува граѓаните и корисниците на интернети без разлика на тоа од која земја доаѓаат.

„NSA ги собира сите информации за корисниците, вклучувајќи и слики од пениси“, вели г. Сноуден во интервјуто. Тоа што е интересно е што Џон Оливер се обиде преку „сликите од пениси“ да ги објасни сите програми кои ги има NSA за шпионирање на интернет корисниците. Комедијата е одлична, но застрашувачки е што вашите голи слики, како и куп други информации, може да се најдат пред аналитичарите на NSA.

Интервјуто започнува од 16-та минута, но не го пропуштајте воведот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии