NSA инфицирала 50.000 компјутери со помош на елитни хакери

Националната агенција за безбедност во САД, или накратко NSA, инфицирала повеќе од 50.000 компјутери со малициозен софтвер за да ги прислушува таргетираните корисници. Ова е дело на 1.000 хакери од „Tailored Access Operation (ТАО)“ во 2012 година, пишува холандскиот дневен весник NRC. TAO е тајна операција за развивање софтвер за NSA да собира податоци од странски корисници хакирајќи им ги компјутерите, крадејќи податоци и надгледувајќи ги нивните комуникации. Покрај ова, TAO развива и софтвер кој може да ги оштети и уништи компјутерите кои ќе бидат цел на нивните напади. Токму софтверот развиен од оваа операција е искористен за вклучување на паметните телефони со чие следење NSA ја дозна локацијата на Бин Ладен.

Објавата повторно доаѓа од поранешниот аналитичар на CIA, Едвард Сноуден, а овојпат податоците покажуваат дека во мрежата на заразени компјутери се уреди од Венецуела и Бразил. Софтверот уште во 2008 година успешно се инфилтрирал на 20.000 компјутери, а до 2012 година достигнал до број од 50.000 компјутери.

Софтерот во моментот е неактивен, но дејствува како дигитални „заспиени ќелии“ кои може да се разбудат во секој момент со притискање на копче од надлежните во NSA, вели холандскиот весник.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии