NSA има директен пристап до оптичките кабли на интернет провајдерите

Последните извештаи поврзани со американската Агенција за национална безбедност (NSA) откриваат дека методолошкото прислушување на целиот Интернет е посериозно отколку што првично беше претставена. NSA всушност ги прислушува оптичките кабли на големите провајдери како Verizon, BT Group, Vodafone и Level 3 Communications, јавува New York Times. Иронично, дата центрите на компаниите се одлично обезбедени, со дел од опермата која се користи за обезбедување вклучува скенери на ирис и топлински сензори. Но, оптичката мрежа која ги поврзува е некриптирана, што ја прави лесна мета за владините агенции како NSA.

Прстите на експертите во овој случај се вперени во Level 3 Communications, кои иако се помалку познати, сепак се поголеми од Vodafone, Verizon и BT Group заедно. Компанијата има 200 центри во САД, 100 во Европа и 14 во Јужна Америка. „Политика на компанијата е да ги почитува законите во секоја држаа и да им ги направиме подаците достапни на владините агенции доколку се исполнети законските услови за државата каде податоците се наоѓаат.“, вели компанијата по однос на прислушувањето на Yahoo и Google што сепак е прилично нејасен одговор.

Интересно кога станува збор за Project PRISM сите се исплашивме дека Apple, Microsoft, Facebook, Yahoo или Google ќе им ги дадат податоците на NSA, ретко кој се сомневаше дека агенцијата ќе оди зад грбот на овие компании и ќе ги „презема“ податоците прислушувајќи ги оптичките кабли помеѓу дата центрите.

„Конечно, доколку Одделот за правда затропа на вашата врата мора да ги исполните нивните барања. Немаме целосна слобода за што можеме да кажеме или да се одбраниме, но според нашите сознанија тие (NSA) ова го прават со секој провајдер.“, вели Ловел Мекадам од Verizon.

1 коментар на “NSA има директен пристап до оптичките кабли на интернет провајдерите

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии