NSA и GCHQ можат да ја отклучат енкрипцијата која ви ги штити мејловите и банкарските сметки

Нова недела, и уште едно ново неверојатно откритие дека американските и британските власти го набљудуваат целиот Интернет. Новите детали од доверливите документи на американската Агенција за национална безбедност (NSA), објавени јавно од аналитичарот на CIA, Eдвард Сноуден, откриваат дека NSA и нивните британски колеги GCHQ можат да ја отклучат енкрипцијата која ги штити корисничките податоци на комерцијалните интернет сервиси. Документите претходно открија дека NSA има пристап до серверите на големите ИТ компании, и дека ја прислушува Европската Унија и Обединетите Нации.

„NSA и GCHQ ја погазија приватноста која интернет компаниите им ја гарантираат на корисниците“, пишува Guardian во текст кој открива дека разузнавачките служби имаат методи да ја пробијат енкрипција и слободно да пристапат можат да пристапат до имејловите и сметките во банките. Како и своите американски колеги, и британската GHCQ работи на методи за пробивање на заштитен интернет сообраќај од четири големи интернет провајдери како Hotmail, Google, Yahoo и Facebook. Иако властите побараа документите да не бидат објавени, Guardian и New York Times ги објавија тајните бидејќи веруваат дека „е потребна јавна дебата за активностите на властите кои ги оневозможуваат најмоќните алатки за заштита на приватноста на корисниците“.

Агенциите користат најразлични методи за систематски напади врз интернационалните енкрипциски стандарди кои им се најголема пречка да дојдат до податоците. Најголемата тајна што е назначена во доверливите документи е дека агенциите соработувале со други ИТ компании и интернет провајдери. Соработката значела дека компаниите ќе внесат „задна врата“ (backdoor) за пристап до комерцијалниот софтвер. Некои интернационални стандарди за безбедност всушност биле објавени од NSA, и иако независните безбедностни експерти се сомневаа во таков тројански коњ, сепак немаше докази до неодама кога беше објавен уште еден таен документ.

NSA веќе 10 години работи на пробивање на енкрипцијата, но во 2010-та година дошла до поголемо откритие кое и отклучило пристап до куп податоци соберени преку прислушување на интернет каблите. Годишно се троши по 250 милиони долари на технологија за пробивање на енкрипцијата и за соработки со ИТ компании. Тајната за методите на пробивање се толку тајни што аналитичарите на NSA предупредуваат „не прашувај ниту шпекулирај за извори и методи“. Во документите на NSA се вели дека агенцијата често вметнува и ранливости во комерцијалните системи на енкрипција кои се користат од обични клиенти означени во документите како „непријатели“.

„Овие дизајн промени го прават системот во прашање можен за пробивање преку Sigint колекцијата… со претходно знаење за модификацијата. За клиентите и другите непријатели, безбедноста на системот останува непроменета.“

Доверливите документи откриват дека NSA чекува комерцијалниот софтвер да биде полесен за следење и набљудување, вклучувајќи ги и следните генерации на 4G телефони. NSA очекува податоците да ги собира преку големите интернет провајдери кои ги прислушува или кои соработуваат со нив.

Програмата за пробивање на безбедност на NSA се вика Bullrun, име земено од голема битка во Американската цивилна војна. Британската програма го носи името Edgehill, исто од голема битка во Англиската цивилна војна од пред 200 години.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии