NSA и GCHQ ги следеле корисниците на Yahoo преку нивните веб камери

Нови доверливи документи од Американската агенција за национална безбедност, доставени од нивен поранешен аналитичар Едвард Сноуден, откриваат дека во 2008 година британскиот пандан на NSA, GSHQ шпионирала дури 1,8 милиони корисници на Yahoo од целиот свет во период од шест месеци. Проектот симболично е наречен Optic Nerve бидејќи собирал фотографии преку веб камерите во Yahoo четот. Според британскиот Guardian, добар дел од содржините се експлицитни содржини.

Вообичаено ваква операција не може да помине без поддршка од NSA кои помагале во нарушувањето на приватноста на огромен број корисници собирајќи и зачувувајќи слики од веб камерите еднаш во пет минути се додека е вклучена камерата на корисникот. Оваа пракса била користена за сите, а не единствено за корисниците за кои бил обезбеден налог за следење. Како последица на оваа операција во „трезорите“ на агенциите е зачуван голем дел податоци од кој дел се сексуално експлицитни содржини. Интересно според статистиката на овие агенции од сите слики, експлицитни фотографии се помеѓу 3 и 11 отсто.

Сепак и покрај тоа што агенциите се надевале дека ќе можат да ги користат сликите од камерите за идентификување на корисниците, интересни за агенциите се и мета-податоците кои доаѓаат со сликите од кој NSA и GSHQ можат да извлечат речиси подеднаков број на податоци.

Очекувано, Yahoo е разгневен од однесувањето на двете агенции и го нарече следењето настан кој му дава сосем ново значење на нарушувањето на приватноста на корисниците.

„Ниту знаевме ниту сме дозволиле ваква активност. Овој податок доколку е вистина претставува сосем ново ниво на нарушување на приватноста на корисниците. Ова е сосем неприфатливо и ги повикуваме светските влади да го реформираат следњеето и законите за следење со принципите кои ги договоривме во декември“, вели портпаролот на Yahoo.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии