NSA ги снима и складира сите телефонски разговори во државите кои ги следи

Националната агенција за безбедност (NSA) има технички можности да ги снима сите телефонски разговори во држави кои се под надзор. Ова и овозможува на агенцијата да преслушува разговори кои се стари до 30 дена, велат документи кои ги објави Washington Post, и кои повторно доаѓаат од поранешниот аналитичар на NSA, Едвард Сноуден.

Идејата за алатката која го овозможува ова е достапна од 2009 година и е наречена MYSTIC, а за првпат е оперативна во 2011-та. MYSTIC го снима буквално сите разговори во државата која се набљудува и ги чува во едномесечен бафер. Во овој период разговорите можат да бидат разгледани од аналитичарите на NSA, а потоа се бришат и се менуваат со нови разговори. Системот во моментов се користи за набљудување на најмалку една држава, а се размислува и на набљудување на пет други држави, покажуваат документите на Washington Post.

„Идентификувањето на закани во големи и комплексни системи како што се модерните комуникациски мрежи во кои обичните луѓе ги делат оптичките кабли со легитимните цели е работа на NSA“, вели Вани Вајнс портпаролката на NSA, додавајќи дека NSA законски го спроведува следењето на групи и поединци кои претставуваат закана за националната безбедност на САД.

Washington Post има податоци за државата каде е употребен МYSTIC, но на барање на официјални претставници на САД, името на државата не е објавено.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии