NSA ги следела посителите на Wikileaks и нарачала шпионирање на основачот Џулијан Асанж

Нови доверливи документи доставени од поранешниот аналитичар на NSA, Едвард Сноуден, а објавени од Intercept, откриваат дека Американската агенција за национална безбедност го следела интернет сообраќајот на сајтот на Wikileaks. NSA со помош на британските власти ги следела посетителите на контроверзниот сајт во потрага по врски помеѓу активистички групи. Агенциите користеле пристап до оптичките кабли кои се „скелет на Интернетот“, пишува Intercept, за да ги следи IP адресите на посетителите на сајтот на Wikileaks во реално време, а ги следеле и термините кои се пребарувале на Google за да се стигне до документите објавени на контроверзниот сајт.

Системот кој го користела NSA и британската GCHQ за набљудувае на посетителите на сајтот се викал ANTICRISIS GIRL, и е објаснет како „таргетирано следење на сајтови“. Агенциите собирале податоци од илјадници корисници ширум светот кои го посетувале Wikileaks, и преку IP адресите се обидувале да ги идентификуваат компјутерите, а потоа и корисниците кои пристапувале преку анонимни сервиси.

Други доверливи документи, кои датираат од август 2010-та година, откриваат дека администрацијата на американскиот претседател Барак Обама барала помош од странски влади да најдат начин кривично да го гонат основачот на Wikileaks, Џулијан Асанж, заради објавување на „Авганистанскиот дневник“. Г. Асанж моментално е заглавен во еквадорската амбасада во Лондон, и не смее да ја напушти од страв да не биде екстрадиран во Шведска каде е обвинет дека силувал две девојки.

Постар документ од 2008-ма година, пред да се основа Wikileaks, открива дека владата на САД веќе го класификувала сајтот како непријател кој требало да се уништи. Според документите, Wikileaks претставувал сериозна опасност и се користеле мерки за да се спречи организацијата, која сепак беше успешна во објавувањето на куп доверливи документи за војните и дипломатски депеши. Лани властите го уапсија американскиот војник Челзи Менинг како извор на Wikileaks, и го осудија на затворска казна од 35 години.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии