NSA ги шпионирала и World of Warcraft, Second Life и Flight Simulator

Како следењето и прислушувањето во реалноста да не е доволно Американската агенција за национална безбедност (NSA) и Британската разузнавачка служба (GCHq) ги прислушувале дури и световите во кои луѓето одат за разонода и забава. Според документите кои ги објави поранешниот аналитичар на CIA, Едвард Сноуден, агенциите ги следат видео игрите од 2008 година, јавува Guardian.

„Не знаеме дека некој собира податоци за нашите играчи. Ако ова се случувало тогаш тое е без наше знаење и дозвола“, вели портпаролот на Blizzard.

Вклучени во набљудувањето се играчите на популарните World of Warcraft и Second Life, каде агенти креирале свои карактери и ги прислушкувале „терористите“. Покрај играњето агенциите користеле софтвер за прислушување на интернет сообраќајот, со цел да ги лоцираат профилите, карактерите или гилдовите кои им припаѓаат на исламски естремистички групи. Образложението е едноставно, агенциите се загрижени дека дел од терористичките ќелии се инфилтрирани во овие игри и го користат жаргонот во игрите за скришно планирање на напади. Еден од примерите е разговор помеѓу двајца играчи кои разговарат за фрлање на магија „огнена топка“, но во реалноста тие всушност разговараат за напад врз Белата куќа. Сепак, покрај објаснувањето досега нема ниту една успешна анти-терористичка акција која е започната во виртуелните светови.

Освен овие две игри под будното око на агенциите се и Special Forces 2 и Microsoft Flight Simulator, првата поради деталноста со која е направена играта, па секоја мисија има определено оружје и опрема која е потребна и можно е тренирање и регрутирање на нови терористи во играта. Втората за тренирање на терористите за можни следни самоубиствени напади, но и поради пронајдени податоци дека терористите ги вежбале нападите од 9/11 на Flight Simulator. Покрај ова прислушувани се и 48 милиони корисници на Xbox Live мрежата. Со оглед на тоа дека засега нема податоци за разоткриени терористички групи, екстремисти или спречени напади, може да заклучиме дека дел од агентите за разузнавање од САД и Велика Британија нашле одличен начин за своето хоби да го префрлат на трошок на државите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии