NSA ги прислушувала и телефонските повици во Шпанија; пресретнале 60 мил. разговори за еден месец

El Mundo вели дека американската Национална агенција за безбедност (NSA) прислушувала 60 милиони телефонски повици во Шпанија во 30 дневен период во декември, 2012-та година. Сличен извештај беше објавен и претходно за 70-те милиони прислушувани телефонски повици во Франција, што го натера францускиот претседател Франсоа Холанд да му се јави на американскиот колега Барак Обама. Со претседателот Обама се соочи и германската канцеларка Ангела Меркел чиj личен телефон бил прислушуван од NSA уште од 2002 година, но, според најнов извештај од Wall Street Journal, г. Обама не знаел дека NSA ги прислушувала и светските лидери.

Документите на кои се повикува шпанскиoт El Mundo, како и другите кои откриваат за активностите на NSA, доаѓаат од поранешниот аналитичар на CIA, Едвард Сноуден, кој моментално се крие во Русија. Извештајот на El Mundo е направен во соработка со американскиот новинар Глен Гринвуд кој беше првиот новинар кој во Guardian ги објави извештаите за масовните системи за набљудување на NSA и британскиот GCHQ.

Откритието за активностите на NSA го натера шпанскиот премиер Мариано Рaхој да го повика на личен состанок американскиот амбасадор во земјата, кој треба да достави објаснување кој и зошто биле прислушувани, и колку податоци се всушност собрани. Во мејловите кои ги собирала NSA се собирани адресите на примачот и праќачот, нивната IP адреса, големината на пораката и насловот. Со телефонските разговори се собираат броевите, времето и локацијата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии