NSA ги прислушувала и Обединетите Нации преку системот за видео конференции

Гeрманскиот Der Spiegel пишува дека американската Агенција за национална безбедност (NSA) го хакнала и прислушувала седиштето на Обединетите Нации во Њу Јорк преку внатрешните видео повици на организацијата. Oткритието, и тоа дека американските власти ја прислушуваат и Европската Унија, доаѓа од тајните документи на NSA кои се доставени до јавноста од поранешниот аналитичар на CIA, Едвард Сноуден.

Прислушувањето на Обединетите нации е нелегално според интернационалните закони. Но, интересно, во документите се вели дека кога NSA го пробила кодот, дознале дека и Кина се обидува да пробие во комуникациските системи на интернационалната организација.

Der Spiegel пишува дека NSA има вградено системи за набљудување во 80 амбасади и конзулати ширум светот. Оваа програма со име Special Collection Service се користи за набљудување без знаење на земјите-домаќини. Според документите, информациите за вакви програми за набљудување мора да бидат чувани како висока тајна за да не ги нарушат односите со земјите-домаќини.

Пред еден месец, американскиот претседател Барак Обама вети дека ќе го намали нивото на набљудување и вети поголема транспарентност во програмите. Но, г. Обама исто така ги оправда активностите на NSA откако беа обелoденети тајните програми.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии