nowPark.me, SmartPhonebook и CultureApp се победниците на натпреварот за отворени податоци

Стартап за паметно паркирање, апликација која ви кажува на кој оператор вртите, и апликација за театри и кина во Македонија се победници на Open Data Hackathon, натпревар организиран од Министерството за информатичко општество и Microsoft. Натпреварот кој заврши на 22-ри јуни имаше за цел да ги мотивира програмерите и стартапите да ги користат отворените податоци за своите сервиси и апликации. Отворените податоци се достапни на otvorenipodatoci.mk, од каде можат да се симнат и искористат за јавен сервис или апликација која ќе им помогне на граѓаните.

Победниците nowPark.me, односно Јордан Крстевски и Ивана Талеска , ги сретнавме првин неодамна на Startup Weekend Skopje каде го освоија второто место. Се работи за стартап кој сака да помогне при паркирањето, односно наоѓање и изнајмување на паркинг места преку краудсорсинг платформа. Краудсорсинг идејата е одлична, иако ќе треба да ги натераат луѓето да известуваат за слободни места, и ќе им треба помош од општините за да имплементираат систем кој ќе може да препорачува празни паркинг места.

Второнаградената SmarthPhonebook беше неодамна апликација на денот на IT.com.mk. Ја избравме бидејќи креаторт Стеван Костоски најде интересен начин како да го реши проблемот со различните цени помеѓу операторите и преносливоста на броевите.

Третонаградени се Кристијан Арсовски и Дарко Котоски за апликацијата CultureApp. Се работи за апликација која информира за сите театри и кина во Македонија, и за нивните репертоари со можност да се купат влезници.

1 коментар на “nowPark.me, SmartPhonebook и CultureApp се победниците на натпреварот за отворени податоци

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии