Новозеланѓанец изработува Aston Martin со 3Д принтер

Иван Сенч од Нов Зеланд најверојатно ќе биде првиот човек кој ќе вози возило кое е изработено со 3Д принтер. Г. Сенч прави реплика на Aston Martin DB4 која ќе ја изработи самостојно во својата гаража во Оукленд.

Тој започна да го изработува автомобилот во декември, а досега се завршени 72 отсто од каросеријата. Г. Сенч немал претходно искуство со 3Д принтање, а според него работата како програмер не го подготвила за овој процес. Пластиката која ја користи го чини околу 1.600 долари, а за споредба доколку користел CNC машина проектот би чинел помеѓу 9.500 и 12.000 долари. Ова за малку ќе го одвратело од целиот проект, но откако го открил 3Д принтерот од Solidoodle кој чини само 500 долари, проектот повторно беше на правиот пат.

За репликата на преубавиот Aston Martin тој испринта над 2.500 делови кои подоцна ги склопи во калапи во кој ги лиеше елементите од фиберглас. Моторот и останатите механички делови неопходни за работа на возилото ќе дојдат од Nissan Skyline.

„Подготовката на копиите одзема само неколку часа неделно. Но шмирглањето на испринтаните делови пред нивното лепење одзема многу време и е навистина досадно…“, вели г. Сенч во интервју за Solidoodle.

Ова сепак не е првпат некој да користи 3Д принтер за правење на Aston Martin. Voxeljet креираа модели на автомобилот, но за разлика од проектот на г. Сенч, нивните модели беа три пати помали од оригиналот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии