Новосадскиот Drytools се првиот стартап во кој SC Ventures инвестира 300.000 евра

Фонодот за инвестиции во регионот South Central Ventures, кој од неодамна има и своја канцеларија во Скопје, ја направи својата прва инвестиција. Првиот стартап кој е поддржан од SC Ventures е новoсадскиот Drytools, кои ќе добијат 300.000 евра за да ја доразвијат својата софтверска платформа за алатки за програмери.

Фондот од 40 милиони евра е присутен со канцеларии во Скопје, Белград и Загреб, и сака да инвестира во амбициозни балкански стартапи кои ќе го таргетираат пазарот надвор од своите земји. Планот е да се инвестираат од 100.000 евра до 3 милиони евра во иновативни стартапи од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија, Црна Гора и Македонија. Фондот е поддржан од Европската Унија, но е воден од приватните инвеститори кои се партнери.

Drytools е нивната прва инвестициjа и се чини дека пресудно за инвестицијата е искуството на тимот. Во претходното интервју што го направи IT.mk со Татјана Забасу, инвеститорка која е одговорна за канцеларијата на SC Ventures во Скопје, најголема предност за инвестиција ќе имаат стартапите со искусен тим што знае да води бизнис. Во случајот на Drytools, се работи за три сениор експерти кои работат во оваа област повеќе од осум години.

3 коментари на “Новосадскиот Drytools се првиот стартап во кој SC Ventures инвестира 300.000 евра

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии