Новогодишно славење и финале на HearthStone лигата во Гоблин

Дејан Соколоски

во Вести

Добра вест за сите љубители на Новогодишите празници и игри. Гоблин поддржани од GG.MK и Anhoch организираат новогодишна забава и турнир.

Се изнаигравме изминатава година, на турнирите од лигата дојдоа преку 100 играчи (!!!), а сега е време сите ние да прославиме со мнооооогу награди и шампионскиот Топ 8 турнир во живо!!!

Настанот ќе се одржи на 24 декември, а поканети се сите! Ова ќе биде прослава со сите нишани: „Грицки, награди, магради, гледање стрим во живо, пиво (само за над 18), миво и што уште не!“, велат од Гоблин.

Истовремено ќе се одигра и шампионскиот Топ 8 турнир во HearthStone. Ова е финале на лигата која се играше во поголем дел од 2017 година. За сите кои нема да можат да присустваат во живо, добра вест, ГГ.МК ќе го стримаат настанот во живо.

Дополнително, сите кои сакаат да поиграат, а не се кваликуваа за финалниот турнир, можат да поиграат Tavern Brawl. Правилата за учество се исти како и досега, сите кои сакаат да играат доаѓаат со лаптоп, таблет или мобилен. Единствена разлика е за учесниците во финалето, кои сега треба да дојдат со 3 дека.

На финалниот турнир во HearthStone ќе учествуваат:

  • Иван Џајков
  • Марио Цинцаровски
  • Никола Карапејевски
  • Михаил Таушанов
  • Давид Стојановски
  • Коста Димовски
  • Андреј Иванов 
  • Бојан Гиговски

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии