Ново на Twitter, 360 видео

Најпопуларниот микро-блог, Twitter неодамна додаде можност за интерактивни 360-видео содржини.

„Можете да ги погледнете 360-видеата на најинтересните издавачи и да разгледувате што се случува околу нив. Ќе може одблиску да разгледате што гледаат најпознатите ликови и да одите зад сцената на ексклузивни настани.“, ветуваат од Twitter.

Засега оваа погодност се однесува на дел одбрaни објавување на содржина кои корисниците можат да ги следат. Слично како и кај останатите платфoрми кои нудат 360-видео корисникот ќе може да го промени аголот на гледање. Видеата ќе бидат одбележани со LIVE 360 ознака.

Видеата можат да ги прегледуваат сите корисници, но барем засега преносот е на одбрани партнери на Periscope. Глобалната достапност би требала да биде отворена до крајот на неделата, а веќе има листа на чекање, јави Periscope.

Twitter е последната платформа која по Facebook и YouTube ја нудат оваа услуга. Можеби подобро прашање е дали корисниците се заинтресирани за 360-видео, бидејќи друштвената мрежа бележи константен пад на активни корисници како и бројни скандали во последно време.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии