Ново еко-пакување за производите на Samsung

Дејан Соколоски

во Вести

Кога зборуваме за електроника ниту еден разговор не може да помине без да се спомене Samsung. Компанијата не само што е на врвот на листата на продадени паметни телефони, туку води и на листите или е во самиот врз на речиси сите производи од телевизори до фрижидери. Токму поради ова е важно компанијата да загадува што е можно помалку. Секако ова се однесува на електронскиот отпад како батерии, но и на самата амбалажа во која се пакуваат уредите и апаратите.

Компанијата еко-пакувањето го претстави на CES и веќе започнаа испораките на The Serif, The Frame и The Sero, но Samsung во соработка со Dezeen организира натпревар во кој ќе собира идеи за нови амбалажи. Додека не пристигнат новите идеи има неколку на располагање: „рафт“ за весници, куќичка за мачки, полица за конзола и уште неколку дизајни за мебел од картон.

Пакувањата доаѓаат со ласерски исечени дупчиња кои на купувачите им ја олеснуваат работата при склопувањето.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии