Новите згради во Чикаго ќе мора да поддржуваат електрични возила

Дејан Соколоски

во Вести

Инвеститорите и изведувачите на градежни проекти во Чикаго во иднина ќе мора да обезбедат услови за сопствениците на електрични автомобили.

Одлуката на Советот на Чикаго и градоначалникот Лори Лајтфут, ја намали границата за која треба да се исполнат условите за прилагодување на објектите за електрични возила. Сега секој станбен објект со 5 и повеќе стана мора да обезбеди напојување за електрични возила, претходно оваа бројка беше 24. Во комерцијалните згради сега секој објект со над 30 места за паркирање мора да ги обезбеди овие услови, вели Next Web.

Еден од причините за ова е и штедливоста. Инсталирањето на електричните полначи за возила е поевтино во процесот на градење отколку инсталирање на овие полначи во некоја следна фаза, или можеби во некое одделено реновирање.

Она што е и поинтересно секако се подготовките кои градовите и државите ги прават за да се прилагодат за иднината. Во дадениот случај промените кои се прават денес ќе се почувствуваат дури по 10, 20 години. Ова е само еден дел од иднината на електричните возила, вториот и веројатно поинтересен дел се автономните возила.

Целта е да се намали емисијата на штетни гасови, а до 2040 процените се дека 57 отсто од возилата кои ќе се продаваат ќе бидат електрични. Ако се остварат плановите на градските власти, Чикаго до 2040 година треба вкупниот јавен превоз да го прави со електрични автобуси.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии