Новите верзии на iOS 10 и macOS Sierra се достапни во јавна бетa

Новите оперативни системи од Apple, iOS 10 и macOS сè уште не се готови за широка публика, но бета верзиите се подготвени за развивачите да ги преземат и тестираат своите апликации. Вообичаено Apple ги предупредува кориснците да не ги користат бета верзиите на оперативните системи додека се во бета фаза на главните уреди, туку да ги тестираат на резервите.

Најголема надградба на macOS е вклучувањето на Siri на macOS. Мобилниот оперативен систем iOS 10 има повеќе интересни надградби, а промените со Messages и почетниот екран се само дел од нив. За пристап до бета верзиите треба да отидете на вебсајтот на бета-програмата и да се „пријави“ за учество. Официјално, овие надградби ќе бидат достапни наесен.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии