Новите правила за приватност во ЕУ ќе важат за сите, од телекоми до WhatsApp

Онлајн приватноста на корисниците при електронска комуникација е еден од првите предизвици со кои ќе се соочи Европа во 2017. Ова e најголемиот проблем кој Унијата ќе мора да го надмине за поголема доверба и безбедност на посакуваниот единствен дигитален пазар.

Новиот предлог закон е построг кон компаниите како Facebook и Google, и ќе го отежни следењето на корисниците. Правилата кои се однесуваат на телеком операторите и кои ги оневозможуваат да ја следат комуникациајта на корисниците, сега ќе се однесуваат и на компаниите. Во образложените на законот се споменати: WhatsApp, Facebook Messenger, Skype, Gmail, iMessage и Viber.

„Нашиот предлог ќе ја комплетира правната рамка за заштита на приватноста. Ова ќе обезбеди најактуелни и најефикасни правила за заштита на приватноста. Европските институции ќе ги применат сите стандарди кои се очекуваат и од државите членки.“, вели  Франс Тимерманс.

Новите правила се општа рамка за сите кои се во допир со електронските податоци на корисниците. Ќе се однесуваат на сите податоци. Од иднината во која дел ќе имаат и автономните возила, до интернет на нештата, и мобилни апликации, сите ќе подлежат под новата законска регулатива.

Дополнително телекомите сега ќе имаат можност да ги користат мета податоците кои ги имаат за да понудат дополнителни услуги. Една ваква услуга е користење на мапи кои ќе ја прикажат густината на луѓето. Овие податоци потоа можат да се користат при планирање на сообраќајна инфраструктура. Сепак за вакво користење на податоците, телекомите ќе мора да побараат дозвола од корисниците.

Новата рамка ќе обезбеди и потесни правила за користење на интернет колачињата. Така корисниците ќе имаат поголема контрола при давањето дозвола за колачиња за следење.

Предлог законот предвидува и забрана за спам комуникација. Ова ќе се однесува за секаков вид на комуникација: и-мејл, SMS или телефонски разговори. Ова подразбира дека во иднина продавачите по телефон, ќе мора да го прикажат својот број или да користат префикс кој ќе биде показател дека станува збор за маркетинг.

За законот да биде и официјален треба да го изгласаат парламентите на државите членки на Унијата. Повеќе информации за овој закон се очекуваат наскоро.

1 коментар на “Новите правила за приватност во ЕУ ќе важат за сите, од телекоми до WhatsApp

  1. Имаше закон и за штетни емисии, па видовме што направи VolksWagen… Додека го најдат тој што го прекршил законот, прекршителот направил веќе толкава штета, што државата наместо да го затвори, ќе застане во негова одбрана… Според тоа, глумат загриженост, измислуваат начини за луѓето да се чувствуваат безбедно… приказни за мали деца.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии