Новите Nokia телефони ќе бидат достапни единствено во Кина

Image courtesy of Nokia / Screen Capture

Лоши вести за сите кои со нетрпение ги очекуваа новите телефони од Nokia брендот. Новите модели на Nokia ќе пристигнат ексклузивно на кинескиот пазар. Новите модели беа претставени овие денови на CES 2017.

Новите модели за жал доаѓаат единствено под брендот Nokia, но нема да бидат произведени од овој фински производител. Правата за брендот Nokia ги има друга финска компанија HMD. Тоа секако не значи дека телефоните се лоши, но секако претходното искуство со Nokia не е гарант како претходно.

Nokia 6 моделот доаѓа со:

  • 5,5-инчен 1080p дисплеј
  • Qualcomm Snapdragon™ 430 процесор
  • 16 мегапиксели задна / главна камера
  • 4GB RAM
  • 64 GB флеш диск
  • Android 7.0

Ова покажува дека новиот модел на Nokia телефон нема да биде основен модел. Цената на уредот е околу 250 американски долари, што сега е вообичаена цена за телефоните од средната класа.

Своите фанови компанијата ги стекна во периодот пред да се појави iPhone и пред Samsung. Nokia долго време ги имаа најпродаваните, но и најиздржливите телефони. Поради својата издржливост и квалитетот на телефоните Nokia се стекна со доверба кај купувачите. За жал оваа доверба не можеше да помогне кога компанијата правеше ужасни избори на оперативните системи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии