Новите MacBook Pro доаѓаат со Intel-овиот супер брз Thunderbolt порт

Новите MacBook Pro работат на 2.3 GHz Core i5 и 2.7 GHz Core i7 процесори, втора генерација на Core процесори базирани на Sandy Bridge микроархитектурата на Intel. Имаат 4 GB DDR3 RAM и 320, 500 и 750 GB хард диск зависно од моделот. Повеќе ќе најдете на сајтот на Apple.

Новите MacBook Pro се првите лаптопи кои ја имат новата Thunberbolt I/O технологијата, односно портови преку кои може да префрлуваат содржина со брзина од 10 гигабити во секунда.

Според Intel, со брзина од 10 Gbps на Thunderbolt технологијата може да се префрли некомпресиран HD видео за помалку од 30 секунди, или да се направи трансфер од година дена постојано пуштање mp3 музички фајлови за нешто повеќе од 10 минути. Thunderbolt е базиран на PCI Express и DisplayPort технологиите, а подржува и Fireware, USB и Gigabit Ethernet преку адаптери. Повеќе за карактеристиките на Thunderbolt ќе најдете тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии