Новите Kindle Fire таблет компјутери ќе имаат подобра резолуција

Во 2013 година нѐ очекуваат потполно нови Kindle таблет комјутери. Станува збор за најмалку три нови таблети кои ќе дебитираат во периодот околу новогодишните празници, велат анонимни извори на BGR.

За почеток ќе бидат надградени дисплеите на досегашните таблет компјутери на Amazon. Наскоро, најевтината верзија на 7-инчниот Kindle Fire ќе добие HD екран со 1280×800 резолуција, екран кој досега доаѓаше со поскапиот Kindle Fire HD, кој пак ќе добие дисплеј со резолуција 1920х1200. Големината на дисплејот и во двата случаи останува иста – 7-инчи. Подобар екран ќе добие и 8,9-инчниот Kindle Fire HD. Неговиот дисплеј ќе доаѓаат со 2560х1600 резолуција која е подобра од моменталниот HD стандард.

Покрај новите дисплеи, таблет комјутерите ќе бидат и значително полесни, но ќе имаат и нов дизајн. Заоблените рабови ќе им отстапат место на поострите агли, а промени ќе претрпи позицијата на копчињата кои наскоро ќе се најдат на задниот дел, наместо на страните како што беше случај до сега.

Ќе биде интересно да се види како ќе се продаваат Kindle уредите оваа година, најмногу поради фактот што таблет компјутерот на Amazon е единствениот кој успева да одземе дел од продажбата на iPad во САД. Се очекува официјално Amazon да ги најави таблет компјутерите во септември или октомври.